
Уште една моја книга го гледа светлото на денот и се радувам што можам да споделам ваква вест.
„Циркус“ е приказна што можеби поставува повеќе прашања, одошто што дава одговори. Се надевам дека тоа ќе биде интересно за публиката составена од деца и возрасни. Илустрациите се од Иванка Ниба, а книгата е во издание на Светулка.

Книгата ќе може да се купи на саемот на книгата во Скопје, кој ќе се одржи од 23 до 29 април. Исто така, ќе биде достапна и во книжарниците по саемот.