Вовед во pxweb со R за пристап до податоците од Државен завод за статистика

Како програмски да се пристапи до податоците на Државен завод за статистика.
статистика
македонија
pxweb
R
податоци
Author

Новица

Published

December 7, 2018

Не знам колку се знае дека Државниот завод за статистика (ДЗС) нуди API за пристап до неговата база на податоци. Ова API е истото што се користи во Шведска и уште неколку други земји, и иако не знам точно, веројатно е да се претпостави дека во некој момент Шведска донирала соодветен софтвер за работа во ДЗС, правејќи го API-то достапно истовремено.

Добрата работа со тоа да има странско API е што веројатно е странци да имаат направено алатки за пристап до податоците преку тоа API и така би со ДЗС: луѓето од rOpenGov имаат направено R пакет за работа со заводи за статистика кои користат PC-Axis, па така и до податоците од нашиот завод може да се дојде на начин што овозможува лесна понатамошна работа со тие податоци.

Па, отворете RStudio и:

install.packages("pxweb")
library(pxweb)

Ова го инсталира и вчитува R пакетот, и потоа можеме да го користиме:

#да видиме што сѐ е достапно
d <- interactive_pxweb()

CHOOSE API:

  1. [api.scb.se] Statistics Sweden
  2. [pxnet2.stat.fi] Statistics Finland
  3. [pxwebapi2.stat.fi] Statistics Finland (old version)
  4. [statistik.sjv.se] The Swedish agricultural authority
  5. [pxweb.orebro.se] Orebro municipality in Sweden
  6. [fohm-app.folkhalsomyndigheten.se] The Public Health Agency of Sweden
  7. [statistik.konj.se] The Swedish national institute of economic research
  8. [prognos.konj.se] The Swedish national institute of economic research, forecast database
  9. [statdb.luke.fi] LUKE Natural Resources Institute Finland
  10. [vero2.stat.fi] Verohallinto - Finnish Tax Administration
  11. [px.hagstofa.is] Statistics Iceland
  12. [statistik.helsingborg.se] Helsingborg town in Sweden
  13. [statistik.linkoping.se] Linkoping municipality in Sweden
  14. [pxwebb2014.vgregion.se] Vastra Gotaland Region in Sweden
  15. [bank.stat.gl] Statbank Greenland
  16. [px.rsv.is/] Icelandic Centre for Retail Studies
  17. [statbank.hagstova.fo] Statistics Faroe Islands
  18. [data.ssb.no] Statistics Norway
  19. [pxweb.asub.ax] Statistics Aland
  20. [makstat.stat.gov.mk] State Statistical Office of the Republic of Macedonia
  21. [data.csb.gov.lv] Statistics Latvia

Македонија е на 20-тото место :-)

Избираме 20 и пакетот нѐ носи низ уште неколку менија каде што одлучуваме кои податоци ни требаат. Изборот низ менија нѐ прашува и

  1. дали ги сакаме податоците во R формат и
  2. дали го сакаме кодот што ги прибира тие податоци за да ни се најде во иднина.

Вообичано одговорот на тие две прашања е да.

Откако ќе ги избереме сите други сакани опции за сетот на податоци што сакаме да го земеме во R interactive_pxweb() ќе ни ги сними саканите податоци во објектот d. И оттука можеме да ги користиме како сакаме.