Уште една преселба на airborne

Новица

2018/11/10

Поминаа многу (повеќе од 10?) години откако блогов го префрлив од python скрипта, што патем сѐ уште ја користи Дамјан, на Drupal (тогаш верзија 4 или така нешто). Не се сеќавам кои точно беа причините за тоа префрлање, освен можеби дека тогаш тоа се чинело како интересен потфат, Drupal бил нов и кул, итн.

Сегашнава преселба има плус причина: развојот на Drupal 7 (верзијата што сега ја користам) завршува во ноември 2021 (end of life), но надградбите на 8 (и понатаму 9) не се едноставни операции. Исто така огромната количина на спам коментари и тоа на стари записи е прилично досадна за бришење. Или со други зборови, се чини дека Drupal станува прекомплициран да се одржува за еден обичен блог.

Така, старите содржини ги архивирам на Github, a novica.discindo.org редиректира на novica.softver.org.mk (т.е. тука), rss продолжува да функционира како и до сега.

Тука пак, користам Blogdown, што го откив воглавно преку користење на R во изминатиов период (или може брат ми ми го кажа), кој што е R пакет за правење статички HTML сајтови со помош на Hugo. Сајтот цел оди исто така на Github, а од таму со некоја магија Netlify мести/испорачува како веб сајт, кое што воглавно не разбирам како работи.

Не сум најсреќен со решението, бидејќи:

  1. Архивата е на посебно место, сите стари линкови кон novica.discindo.org не да работат. Можеби со тек на време ќе пробам да префлам дел од архивата и овде. Ќе видиме.

  2. Блогот работи само благодарение на сервиси кои моментално се достапни. Ако изгасат или променат нешто Github или Netlify ова престанува да работи.

Од друга страна позитивно е тоа што барем содржината е во обична текст датотека напишана во markdown.

Да видиме како ќе оди.