Ценете ја вашата слобода или ќе ја изгубите, нè учи историјата. „Не ни досаѓајте со политика“, одговараат оние кои не сакаат да научат.
Вчера починал Пол Семјуелсон. Семјуелсон беше еден од водечките економисти. Автор е на Economics, најценетиот учебник по економија во целиот свет.
Зошто пишувам за ова?
Речиси ниту еден медиум во Македонија ја нема оваа вест. Google има линкови само до Сител и МИА од поглавните медиуми.
Но, поважно, Македонија е единствената земја од групата земји со кои сакаме да се споредуваме каде предметот економија не се учи од книгата на Семјуелсон (колку што ми е познато книгата воопшто не е ни преведена на македонски).
Семјуелсон некогаш рекол: „Не се грижам за тоа кој ги пишува законите во државата или кој ги составува нејзините договори, сѐ додека јас можам да ги пишувам нејзините учебници по економија.“
Тоа е Пол. Поздрав од Македонија.





Скорешни коментари
пред 2 седмици 2 дена
пред 2 седмици 2 дена
пред 2 седмици 2 дена
пред 5 седмици 3 дена
пред 5 седмици 3 дена
пред 6 седмици 6 часа
пред 6 седмици 6 часа
пред 6 седмици 21 часа
пред 6 седмици 22 часа
пред 6 седмици 22 часа