You may not be interested in the digital rights war, but that doesn't mean you'll have the luxury of sitting on the sidelines. Because the other side is very, very interested in you.
~ Брус Стерлинг во Wired
Додека целата јавност се насочи кон прашањето кој бил најпрв дојден овде на Балканот и кој во чија енциклопедија како се одредувал, Собранието на Републиката го изгласало Законот за криминалистичко-разузнавачка база на податоци (Сл. весник 120 од септември 2009).
Го ѕирнав законот. Не сум стручен, но излгеда како да ќе прибираат разни податоци за граѓаните. На некои места дури се споменува чување на податоци за жртвите на криминалните дела. Би се кладел во матичнот број дека ова е некако поважно прашање од тоа за енциклопедијата. Но, нашата општа неинформираност, незаинтересираност и неспособност критички да се мисли фино се вклопува во сликата.
Патем, од Законот на интернет можам да најдам некоја полумртва врска на страницата на МВР.
Да интересна забелешка...
Да интересна забелешка... Можеби ќе звучи малку како теорија на заговор, но некако мириса дека целава работа со “несреќната“ енциклопедија и уште понесреќниот МАНУ е за да се одвлече вниманието од некои побитни работи, кои треба да бидат протуркани без преголема врева во јавноста (не дека нешто многу ја има вревата, или пак е нешто посебно критичка)... Така да изгледа дека и Законот за криминалистичко-разузнавачка база на податоци е дел од тоа...